Универзитетската професорка Јасна Котеска понуди 500 евра за легална одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски, против кого вечерва беше поднесено обвинение за предизвикување општа опасност.

Најсериозно, до секој адвокат/и на Ламбе пишете ми на jasnak@gmail.com со валидна лиценца за негова одбрана и вашата сметка, веднаш ќе уплатам 500 евра за одбрана на Ламбе.
Ве молам само валидни адвокати и нивните сметки.
Уплатата ќе биде веднаш, порача Котеска преку „Твитер“.

На нејзиниот повик се одзва адвокатот Сашко Дукоски, кој ги одби парите и се понуди про боно да го застапува пејачот.

Претходно и скопски адвокатите Јанаки Митровски и Драги Стари Пешевски ги понудија своите услуги бесплатно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.