Што добивме, а што изгубивме со ова ново парламентарно мнозинство? Најпрво ја погазивме демократијата, која како систем во Македонија се практикува на многу чуден начин, пишува во својата последна колумна Трифун Костовски.

Убеден сум дека за иднината на Македонија, актуелниот премиер во заминување Зоран Заев го направи последниот и најсрамен чин во неговото владеење. Купи четири пратеника со цел да ја искористи алатката собраниско мнозинство за да може тој и неговата партија да владеат без вистинска поддршка од нас граѓаните. Во низата грешки што актуелниот премиер ги правеше, ова е врв на неодговорност пред македонскиот електорат и останатите граѓани на Република Македонија. Локалните избори ја покажаа реалната слика колку граѓаните во Република Македонија имаат доверба во актуелната Влада. Со чинот на потпишана спогодба или договор меѓу господинот Заев и господинот Гаши е направен удар врз безбедноста на Република Македонија. Не е тајна дека албанските партии во така нареченото демократско-политичко миље во Република Македонија делуваат во интерес само на Албанците. Со потпишаниот договор меѓу Заев и Гаши се отвора пандорината кутија на меѓунационална нетрпеливост во Македонија. На партијата Алтернатива ѝ се доделува да раководи со три Министерства во Владата, да делегираат три заменици во останатите Министерства и згора на сѐ добиваат над 40 директорски места во државните претпријатија каде што, имајќи го на ум досегашното искуство, веројатно ќе бидат вработени само етнички Албанци, пишува Костовски.

Причините за ваквиот чин на господинот Заев, додава Костовски, не ми се познати. Што сака да покаже со овој негов маневар? Дека после неговото заминување од функцијата треба да настане потоп, катаклизма, небиднина? Да беше човек на место, веднаш ќе распишеше предвремени парламентарни избори. Очигледно оваа доблест не му е својствена.

Целата колумна на „Плусинфо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.