Дарко Костовски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел на својот Фејбсук профил објави статус во кој потенцира дека вчерашните избори се битка за една голема победа за цврста национална свест на Бутелчани.
Оваа Битка е една голема победа за цврстата национална свест на Бутелчани! Колку за илустрација ова се населените места во општина Бутел каде што битката помеѓу ВМРО и СДС е чиста, без можност за поткуп, разни притисоци и слично:
Свети Климент Охридски(моето населено место)
ВМРО 1788
СДС 1040
Љубанци
ВМРО 565
СДС 51
Љуботенски пат
ВМРО 594
СДС 170
Населба Радишани
ВМРО 1405
СДС 1075
Село Радишани
ВМРО 534
СДС 284
Овие резултати ми даваат посебен мотив и енергија за уште повеќе да се нагази теренот и на парламентарните избори кои ќе бидат помеѓу ВМРО и СДС да ја зголемиме разликата од првиот круг на над 2000.
Ја користам оваа прилика да ја поздравам целата партиска структура на ВМРО Бутел која макотрпно изработи за овие големи достигнувања во битката ВМРО против се останато.
Ви благодарам на сите оние кои ја препознаа вистинската Македонија на овие претседателски избори – стои во неговиот пост на Фејбсук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.