Дали претседателот Ѓорге Иванов ќе се издигне над уцените на владејачката СДСМ и Антикорупциската комисија и во име на највисокиот орган во државата – Претседател на Република Македонија, ќе ги спроведе до крај своите обврски или ќе се предаде и ќе дозволи толку многу луѓе да гнијат по затворите?!
Ова прашање деновиве станува се поактуелно. Остануваат месециполовина од можноста Иванов да стави крај на селективната амнестија која ја спроведе владата на Зоран Заев за случајот 27 април. Ќе остави ли Иванов да гнијат по затвори осудените, а пратениците кои ги отворија вратите на толпата да се шетаат слободно, само зтоа што нивниот глас беше премногу вреден за Заев?!
Според аналитичарот Сотир Костов, претседателот Иванов има право да ги помилува осудените во политичкиот процес за настаните од 27 април, како и другите жртви на политички монтираните процеси кои се водат против опозицијата. Главен аргумент во полза на повиците за амнестија и помилување е селективноста на власта, обвинителството и судството во изборот на жртвите за гонење, како и во веќе понудените амнестии.
– Остро се противам на селективната правда и на незаконската амнестија, со која, за едни се запреа процесите, а за други беа изречени драконски казни. Ако сакаме да кажеме дека сме праведно и хумано општество и правна држава, треба да се даде општа амнестија и општо помилување за настаните од 27 април, но и за политичкиот прогон против членовите на ВМРО-ДПМНЕ воопшто бидејќи сме соочени со инквизиција и средновековни постапки, а не со истерување на правдата, вели поранешниот обвинител во изјава за Република.
Според Костов, само со вистинска правда и запирање на политчики водените судски процеси, може да се отвори простор за помирување меѓу Македонците. Според Костов, претседателот Ѓорге Иванов ги има сите потребни уставни и законски овластувања да преземе ваков чекор.
– Одговорно тврдам дека правна, законска пречка за помилување не постои, вели Костов.
Зaкoнoт му го дoзвoлyвa на Иванов до пocлeдниoт ден, но исто така предвидува рок од 30 дена во кој може тоа да се пoништи од него или неговиот нacлeдник. Тоа би значело дека доколку Иванов проценил дека треба и има основа да ги помилува осудените, тоа треба да го стори во најбрзо време. Со тоа би ја избегнал можноста неговиот наследник да ја укине донесената одлука. Инагурацијата на актуелниот претседател беше на 12 мај 2014 година, па по вториот круг од претседателските избори закажани на 5 мај завршува и неговиот мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.