Поранешниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски во својата колумна во која ги анализира изборните резултати од локалните избори вели дека актуелниот градоначалник Шилегов настрада поради тоа што народот го казнува Зоран Заев.

За разлика од инспиративниот говор на господинот Мицковски каде повикува на обединување, бевме сведоци на идентичен говор од страна на господинот Заев кој повикува на обединување, меѓутоа обединување околу СДСМ и морам да кажам со вокабулар кој што воопшто не допира до нас граѓаните на Република Македонија. Господинот Заев го демонстрира натпреварувачкиот дух помеѓу него и Мицковски, барајќи од народот поддршка како да државата Македонија е сопственост на овие две лица. Посебно беше впечатлив говорот на Заев обраќајќи му се директно на „Мицко“ да не се радува многу, потсетувајќи го дека борбата во вториот круг ќе биде во корист на СДСМ, сметајќи не на своите гласачи, туку на гласачите од неговите коалициски партнери. Тоа за мене е недостоинствен јавен настап. Не сум сигурен на кој начин господинот Заев ќе ги убеди гласачите-симпатизери на своите коалициски партнери да во вториот круг гласот го дадат на неговиот кандидат. Дали ќе имаме повторно меѓупартиско тргување за купување на гласови? Заклучувам дека господинот Заев токму на ова поле ја темели својата стратегија за успех на неговите кандидати во вториот круг на локалните избори. Чувствувам дека овој пат народот го казнува господинот Заев. Најтипичен пример за оваа казна е битката за прв човек на градот Скопје. Како поранешен градоначалник можам да кажам дека господинот Шилегов својот прв мандат го одработи многу солидно, не навлегувајќи дали градската каса била користена и за некои лукративни интереси. Најголемиот товар на господинот Петре Шилегов не му е Данела Арсовска туку е Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.