Мухамед Зеќири е албанскиот Костадин Костадинов, човекот како да е вработен во „Мамас“ ајвар, коментира Дарко Костовски, претседателот на ОК Бутел на ВМРО – ДПМНЕ, кој вели дека на Зеќири очигледно единствена задача му е да одработи за Зоран Заев, не бира лаги и измислици за да ја исполни истата.

Муки, тешко се брани Луј Витон судството. Тешко е да се брани криминал кој слободно може да се преточи на холивудско филмско платно, тешко се брани корупцијата и рекетот на Заев, Муки има ужасно тешка задача, но нема да се мачи уште многу, по 12 април Заев оди во опозиција. Тогаш кога оваа банда ќе оди во опозиција, ке има одговорност за сиот криминал, корупција и рекет кои што Муки се обидува да ги заштити, вели Костовски, коментирајќи го вчерашното гостување на Зеќири на „Телма“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.