Пратеникот Дарко Костовски на гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа се осврна на законските измени во однос на намалувањето на казните за поседување на оружје.
Да станува збор за држава која добро се справува со стапката на кримнал и не е чудно да се наламуваат казни во однос на огнено оружје. Но, тука воопшто не е така. Криминалците кога СДСМ е на власт уживаат во својот меден месец. СДСМ кога е на власт стапката на криминал и корупција е многу голема, рече Костовски.
Пратеникот потсети на локалните избори во 2017 година и рече „штабовите им беа полни со криминалци, СДСМ во својата суштина никогаш не се бори со криминалот“.
Според него ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт сериозно ќе работи на сузбивање на криминалот.
Ова што сега го прави СДСМ е еден вид на мерка како поддршка за криминалците. Очигледно имаат тендеција да одат понатаму со корупцијата, Заев произведува корупција како може да се бори со истата, рече Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.