Бизнисменот Трифун Костовски во пресрет на изборот за нов претседател, испрати јасна порака до членовите на СДСМ, но и до раководството на ВМРО-ДПМНЕ:
Упатувам силна порака до членовите на СДСМ при изборот на новиот претседател да не се водат од позиција на кој клан му припаѓаат во партијата, туку да изберат претседател кој ќе сврти нова страница на политичката сцена во Македонија. Идниот претседател ќе мора да ги отстрани лошите политички потези на актуелниот премиер. За доброто на Македонија и доброто на граѓаните во Република Македонија, потребен е силен СДСМ.
Упатувам порака и до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да дозволи на владејачката СДСМ сама да си избере свој претседател. Со напаѓање на поедини можни кандидати на СДСМ за иден претседател, уште повеќе го расчеречуваат ткивото на граѓаните на Република Македонија. Вие ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и останатите политички партии во Република Македонија сте денес партнери во креирањето на иднината на Република Македонија. Вокабуларот на омраза и омаловажување треба да го замените со респект, дијалог и компромис.
Предниот мој став се однесува за доброто на Република Македонија и нејзините граѓани“, напиша Трифун Костовски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.