Дарко Косовски од ВМРО-ДПМНЕ објави аудио снимка направена од мобилниот телефон на Стефан Калошев во моемнтот на приведувањето пред Мавровка на вчерашниот протест организиран од опозициската партија. Косовски рече дека Калошев мирнопротестирал против продажбата на Македонија, нејзиниот идентитет, јазик и историја.

На снимката кој што сега ќе ја пуштиме се слуша како луѓето на Спасовски го малтретираат, тепаат и пцујат додека го приведуваат. Од ова снимка се слуша гневот и омразата на власта кон народот. Од ова снимка станува јасно дрка апсењето е директна наредба на Зоран Заев и Оливер Спасовски, рече Костовски на прес-конференција.

Костовски побара одговорност од министерот Спасовски, но и од директните сторители.

Ова насилие е плод на предавствата на Заев. Зоран Заев и Владо Бучковски подолг период наназад тајно преговараат со Бугарија, а на маса е бугарската декларација која значи негација на македонскиот идентитет, јазик и историја. Двоецот Бучковски и Заев ја продаваат Македонија.

Протестираме и бараме Зоран Заев јавно да го покаже патоказот за кој преговара. Јавноста не смее да биде исклучена.

Припадниците на МВР спротивно на закон го лишија од слобода, а потоа и физички го малтретираа Стефан.

Стефан е нападнат затоа што заедно со сите нас побара Заев да каже за што преговара и да го покаже таканаречениот патоказ за решавање на односите со Бугарија, а кој според нашите информации содржи елементи на национално предавство.

Зоран Заев и Оливер Спасовски, сте ја згрешиле адресата, ВМРО не ви се плаши. Сите ние повторно ќе излеземе на улиците и ќе протестираме секогаш кога во прашање е Македонија и заштита на македонските национални интереси.

Денеска заедно со Стефан ќе поднесеме и претставка до Одделот за внатрешна контрола на МВР за неправилно постапувањето на полицискиот службеник при негово приведување. Поднесуваме пријава за да има траг за процесуирање и санкционирање на таквото однесување.

Воедно бараме извинување од Спасовски кој наместо заштитник на мафијата еднаш да биде заштитник на народот.

Ги знаеме и тие кои дале наредба за ова насилие и полицаецот кој е одговорен. Даваме 24 часа сами да ги кажат.

Воедно, ве повикуваме денеска со почеток од 15 часот на блокади на крстосниците кај Мавровка, Градска болница Наум Охридски и НИП Нова Македонија. Исто така и во 9 градови низ Република Македонија.

Излези за Македонија! Доста е!

 

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=uCLALWEQnTY



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.