Додека другите земји ги затворија вратите на храмовите за Велигден, нашата црква останува на ставот дека ќе биде отворена и ќе држи причест. Дури нема да го заобиколат ни давањето света причест со иста лажичка, доведувајќи ги во опасност верниците и ризикувајќи црквите да станат жарише на корона вирусот. Ова наиде на остри критики на социјалните мрежи.
Така Кристина Костова напиша:
Руската православна црква им нареди на црквите да ги затворат своите врати пред Светата недела.
Во Грција, синодот сам ѝ предложи на Владата да се затворат храмовите за верниците, не за свештениците, а таа го прифати таквиот предлог. Исто така, во Грција обвинителството повело постапки за двајца свештеници кои, спротивно на мерките, извршувале причести во домови на верници – пишува на Фејсбук Кристина Костова.
Минатата недела Папата одржа литургија пред камери, додека верниците беа во своите домови, не во храмовите.
Само кај нас самоволието на клерот е на стероиди и во ек на пандемија не отстапуваат од штетните практики со кои црквите свесно ќе ги претворат во нови жаришта на коронавирус. Дури и тврдоглаво тврдат дека ниту лажичката за причест немало да ја менуваат.
Далеку од доволни се насоки и препораки за останување дома и неодење на црква за народ од кој значителен дел верува во нелогични теории на заговор, дека вирусот е измислен за полесно да поминувале мигранти [!] или полесно да се поставувала 5G мрежа [!]
Далеку од доволни се и срамежливи апели до црковното лидерство кое е тврдокорно во своите намери да оди спротивно на здравиот разум.
Посетата на црквите само во петок наутро, кога нема полициски час, а кога илјадници граѓани ќе се пикаат под една двометарска маса и ќе бакнуваат икони, значи само дека за две недели може да нè очекува пандемиски врв со трагични размери.
Потребни се конкретни и строги санкции за религиозните институции, кои се однесуваат поопако и од самиот вирус – пишува Костова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.