Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Христијан Костов, вели дека Бојан Јовановски нема сериозни нарушувања на здравјето, откако првоосмничениот во „Рекет“ беше вратен назад во притвор во затворот во Шутка, пренесува „СДК.мк“.
Боки 13 мина четири часа во болницата „8 Септември“ откако му се слоши пред да даде исказ кај обвинителката Вилма Русковска.
По направените анализи врз пациентот, во кои не се констатирани посериозни нарушувања на здравјето, тој е пуштен од болницата, изјави Костов за СДК.
Јовановски беше однесен со Брза помош од Обвинителството за организиран криминал и корупција, а неговиот адвокат Сашо Дуковски веднаш потоа изјави дека тој не дал исказ затоа што повраќал.
Рокот за давање исказ истекува и нема информации дали Јовановски ќе добие прилика за тоа, бидејќи наскоро треба да биде изготвено обвинението по затворањето на истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.