Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, вели дека за него зборот е збор и затоа одлучил да го исполни ветувањето дека ќе работи транспарентно и отчетно.
Со та цел, Костадинов, по еден месец од стапувањето на функцијата градоначалник на општина Струмица, информира како го почнал и го реализира мандатот.
Дојдов со силна желба, концепт и подготвен за работа. И јас и мојот тим се договоривме и работиме, интензивно, транспарентно и отчетно и во кабинетот и на терен. Почнавме да ја реализираме најдобрата верзија на нашата Општина, модерна и европска.
Општината е во стабилна состојба. Почнатите проекти интензивно се реализираат. По нашите анализи, но и слушајќи ги граѓаните, ги мапиравме реалните потреби и почнавме да проектираме нови проекти. Не чека многу работа, но имам и желба и сила да ја оправдам довербата којашто ми беше дадена.
Од срце за Струмица – вели Костадинов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.