Веродостојноста на бомбите неколкукратно во целост е потврдена досега што всушност е потврда и вештачењето што беше направено во Германија. Сите граѓани, и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за пиштење, вриштење и тегнење за уши и тоа е факт. Автентичноста ја потврдија и луѓето коишто беа инволвирани во самите материјали, дополнително имајќи ја предвид приватноста СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО.

Вака одговори портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов, на прашањето како гледа на вчерашното сведочење на Верушевски дека прислушкуваните матријали биле модифицирани што оди на линија на она дека биле сечени – лепени и монтирани.

Принципиелниот став на СДСМ е да не коментира судски одлуки и тек на судски постапки. Секако знаеме дека сега се е во рацете на правосудните органи и очекуваме тие постапки да дадат одговори на случајот со незаконското прислушкување во УБК, додаде Костадинов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.