Пратеникот Костадин Костадинов на својот фејсбук профил напиша дека успеале да го изгласаат петтиот пакет мерки насочен кон закрепнувањето на економијата и покрај опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ.
Да бидеме искрени, зошто е гневот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ толку голем после изгласувањето на петтиот сет економски мерки?
Со самото гласање со 62 пратеника ЗА, паднаа во вода буквално сите лажни тези кои ги пласираа.
Падна тезата дека владејачкото мнозинство не е стабилно!
Падна тезата дека некои пратеници од владејачкото мнозинство размислуваат да ги поддржат нивните политики.
Падна тезата дека тие се загрижени и бараат итна седница за петтиот сет економски мерки, напротив се докажа дека беа до крај деструктивни.
Падна тезата дека буџетот бил празен и државата немала пари за исплата на помошта кон граѓаните и компаниите.
Падна тезата дека тие се одлучувачки фактор во Парламентот.
Видовме сите, освен за ширење хистерија за друго и не ги бидува.
Жалам што 60.000 работници беа мета на ВМРО-ДПМНЕ, сепак на крај пораката до граѓаните е јасна и прецизна.
Нема да дозволиме калкулации со интересот на нацијата, успеавме без неработниците од ВМРО-ДПМНЕ, стои во објавата на фејсбук на Костадинов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.