Костадин Костадинов вечерва во „Само Вистина“ го одбегна прашањето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски дали ќе сноси одговорност ако во време на кампања има барем еден заразен или починат.

„Дали ти ќе сносиш одговорност во време на кампања доколку има еден заразен или еден починат од корона вирусот, дали од твојот тим, дали од граѓаните кои што ќе излезат на гласање или со кои што ќе се сретнеш ? Дали ќе имаш одговорност и дали подоцна ќе сносиш јавно одговорност за барем еден заразен или починат во време на изборна кампања“ го запраша Арсовски неговиот соговорник Костадинов. Костадинов го избегна прашањето и не сакаше да одговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.