Градоначалникот на Струмица Коста Костадинов информира дека градското претпријатие се подновило со возила за комунален отпад.
Со новите возила ќе се подобрат комуналните услуги кон граѓаните, а со поефикасното собирање на комуналниот отпад, Струмица ќе стане почиста општина.

Нека ни е честито и нека не служат долги години новите специјални возила на ЈПКД „Комуналец“. Со нив ќе имаме уште почиста и поубава Струмица.
Со пет нови за Комуналец, половни набавени специјални возила за подигање на комунален отпад е подновен возниот парк на „Комуналец“, 3 со зафатнина од 12 метри кубни, едно од 7 и едно од 5 метри кубни специјално за потесните улици. Сите возила се со комплетен систем за пресирање на сметот. Со новите возила ќе се подобрат комуналните услуги кон граѓаните, а со поефикасното собирање на комуналниот отпад ќе имаме почиста Општина.
Од срце за чиста и убава Струмица, напиша Костадинов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.