Христијан Мицкоски не отстапува од намерата да го спречува членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Колку што Македонија е поблиску до остварување на генерацискиот сон на нашиот народ, толку понервозни стануваат Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е типично деструктивно однесување на антизапдните пиони, изјави на денешната прес -конференција во Собранието портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов.

Тој истакна дека Мицкоски и раководството на ВМРО – ДПМНЕ имаат само една цел – да предизвикаат тензии омраза и насилство преку кои ќе се обидат да ја блокираат иднината на РМ. И оти работи, како што рече, исклучиво под директива на неговите шефови кои се противат на успехот на Македонија и со тоа ги загрозуваат највисоките државни и анционални интереси, а тоа се члнеството во ЕУ и НАТО.

Мицкоски денеска потврди дека стои позади анти НАТО и анти ЕУ протестите на кои се повикува на насилство, се шири говор на омраза и се дејствува деструктивно. Мицкоски стои рамо до рамо со антизападните пиони Бачев и Петровски, додаде Костадинов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.