Законот за јавно обвинителство е донесен согласно сите процедури и согласно Деловникот за работа, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ Костадин Костадинов на прес-конференција во Собранието.
Процедурата при изјаснувањето беше кристално чиста. Постои пракса во Собранието, кога системот нема да регистрира одреден глас и тогаш на пријава на пратеникот чиј глас не е регистиран, се оди на повторно гласање. Такви примери сме имале многупати во Собранието, а ако навистина ВМРО-ДПМНЕ не верува дека имаме 80 пратеници, можеа да бараат поединечно гласање, рече Костадинов.
Со изгласувањето на законот, според Костадинов, победила правдата, а Собранието покажало дека е за правна држава, владење на правото и одговорност за сите. –
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.