Костадин Костадинов, градоначалникот на Струмица објави дека денеска добил на подарок маица со цртеж од членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектурална попреченост „Порака“.
Денеска имав пријатно изненадување од членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица. Дојдоа да ме посетат и да ми подарат маица со цртеж кој го изработиле членовите на Социјалниот клуб, во знак на благодарност за поддршката којашто им ја давам јас, како Градоначалник и Општина Струмица.
Поразговаравме за функционирањето на Центарот и за активностите коишто деновиве ги имаме во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Си ги потврдивме поддршката и пријателството со заедничка желба да ги унапредуваме уште повеќе.
Да бидеме сите еднакви, да ја шириме љубовта и да се почитуваме, оти си требаме едни со други.
Од срце за членовите на ПОРАКА, објави Костадинов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.