Манулаќ е на добар пат да се избори за своите 2 квадратни метри пред главниот влез на седиштето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. И додека пустиот Костадин работи за да заслужи да му подигнат шатор со лавче пред седиштето на партијата, каде што и онака често престојува, ВМРО-ДПМНЕ, пак, не се откажуваат од желбата да му го разубават престојот на плоштадот „ВМРО“.
Музичкиот пречек на Костадин Костадинов започна со „Нешто ќе те питам, бабо“, па се зајакна со химната на „ВМРО“, за денеска да кулминира со музички сплет составен во негова чест. Добро, можеби малку ја утнаа работата, па го подналутија „Костадин без војводата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.