Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, денеска преку социјалните мрежи потврди дека поднесува оставка од својата функција.

Според неговата објава, компаниите поддржани од ФИТР за период 2017-2020 оствариле кумулативен пораст на приходите од 50%, додека кумулативниот пораст на профитот на целото портфолио за анализираниот период изнесува 75%. Тој информира и дека ко-финансираните грантови имаат најголем ефект кај македонските стартапи, при што растот на приходите на стартапите, една година пред финансирањето и две години по финансирањето е дури 197%.

Голема благодарност до сите наши партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка овие 14 месеци. Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година, пишува тој во својата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.