Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа во Ѓорче Петров, каде што македонските и косовските специјални сили имаа заедничка вежба, рече дека првообвинетите во случајот „Монструм“ ќе бидат екстрадирани во Македонија.
– Тие ќе бидат екстрадирани во Македонија, штом завршат сите процедури во министерството за правда – рече Мустафа
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинетите за убиството на петмината Македонеци кај Железарското езеро во Скопје, се пребегани во Косово од 2012, а тамошната полиција ги уапси и кај нив пронајде поголемо количество оружје.ро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.