Според „Транспаренси интернешанл“ Владата на Косово е помалку корумпирана од Македонија, односно воедниот злосторник Рамуш Харадинај е почесен од Зоран Заев.
Македонија се наоѓа на 106. место, од вкупно 180 светски држави според последниот Индекс на перцепција на корупција на „Транспаренси Интернешнал“ за 2019 година, што претставува влошување на ситуацијата и пад од 13 места во споредба со минатогодишното рангирање, кога земјата беше на 93-тото место во светот.
Нашата држава се најде во „друштво“ на Албанија, Бразил, Монголија, Брегот на Слоновата коска, Алжир и Египет. Извештајот потврдува дека сме најкорумпирана земја во Европа.

За споредба, во регионот на Западниот Балкан, најмала перцепција за корупција имаат граѓаните на Словенија (35 место), по што следуваат Хрватска (63 место) и Црна Гора (66 место). Пред Македонија се наоѓаат и Србија (91), како и Босна и Херцеговина и Косово (го делат 101 место).
Индексот за перцепција на корупција ги рангира државите според перцепираните нивоа на корупција во јавниот сектор според експерти и луѓе од бизнисот. Анализата од овогодишниот извештај покажува дека корупцијата е поприсутна во државите каде можат слободно да се движат големи финансиски средства во изборните кампањи и каде владите ги слушаат мислењата само на богатите и луѓето кои имаат добри врски со носителите на власта.
Македонија е во слободен пад со владата предводена од СДСМ и ја имаме најлошата позиција во целиот регион, а пред нас е и Косово.
Инаку, индексот рангира 180 земји и територии според нивото на корупција во јавниот сектор, според експертите и деловните луѓе.Тој користи скала од нула до 100, каде што нулата е многу корумпирана и 100 е многу чиста.
Ниту претходно, во 2018 година не беше сјајна ситуацијата. Во Индексот за перцепција на корупцијата во 2018 година на Транспаренси Интернешнал, Македонија и Косово го делеа 93 место во однос на корупцијата. Тие беа најслабо рангирани на Балканот, а во најновиот извештај Косово со Рамуш Харадинај како премиер е подобро позиционирано од нас.
Со ова темпо на СДСМ и Зоран Заев, Македонија за неколку години би го допрела дното на ранг листата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.