Дали скопско Сингелиќ станува ново жариште на Ковид 19 во главниот град. Денеска од 25 новозаболени во Скопје изминатите два дена, повеќе од половината односно 13 се од оваа скопска населба.
Меѓу дијагностицираните има деца и една трудница, а до ширење на вирусот најверојатно дошло на собирање на семејна вечера. Изворот на заразата е повозраен член од семејството кој според информациите од Центарот за јавно здравје е во лоша состојба и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.
Добра вест е што заразата стивнува во Прилеп, каде денеска имаше само двајца заболени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.