Короната ги намали гостите од соседна Бугарија во Делчево. Делчевци велат во градот има поинаква атмосфера од минатите години и оти тоа се одразува и на приходите.
Ако до лани имавме град кој живее буквално во летните месеци, годинава најверојатно сезоната може да кажеме дека е пропадната. На лошата сезона влијае и тоа што гостите од соседна Бугарија, поради КОВИД-19 не се во можност да не посетат, така што единствено имаме поддршка од домашните туристи, кои доаѓаат за викенди, додаваат угостителите.
Она што сепак се забележува во Делчево наспроти состојбата во угостителствот е се позабележливиот развој на малите бизниси. Во моментот свои капацитети градат неколку познати компании од Источниот регион во делот на нафтената индустрија, изградени се неколку хотели и помали хостели чии сопственици полагаат надежи дека Делчево како погранично место, по завршувањето на кризата поради близината со Р. Бугарија и подобрената патна инфраструктура со главниот град, ќе биде се почеста дестинација на туристите, со што ви се забрзал и локалниот економски развој на општината
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.