Во услови на корона, подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика Карпош, „врие“ од народ. Бараката на подрачната единица на МТСП е практично „окупирана“ од граѓани.

Ова се луѓе кои чекаат ред, а од страна има уште три пати повеќе граѓани. Телефони за контакт има два, фиксен 022035540 и мобилен 076 475095, но ниту еден од нив не функционира, односно и двата се исклучени. Паузата пак на вработените трае повеќе од еден час. Меѓу луѓето кои дошле да завршат неодложна работа владее невидена тензија и нервоза, бидејќи чекаат со часови, а не знаат ниту дали ќе дојдат на ред да завршат работа.

Сепак еден од највознемирувачките моменти е фактот дека во вакви услови на гужви и турканици, многу лесно може да се пренесе корона меѓу луѓето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.