Советот на Општина Битола ќе издвои два милиона денари (околу 32.000 евра) од буџетот на Општината за изградба на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер, кој изгоре пред осум години.
На седницата се предложило во програмата да се стави условот реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“ да почне веднаш штом стане општински имот, или сумата од 2 милиони да порасне на 6 милиони, ама имотот да биде општински, а ПСК „Пелистер“ 30 години нека го стопанисува.
Кавгите околу обновата и сопственоста на „Копанки“ се водат веќе осум години откако изгоре објектот, а не се обнови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.