Министерството за надворешни работи информира дека по добиената информација за повеќемина заглавени македонски автопревозници на италијанско-словенечката граница, поради нејзино затворање од страна на словенечките власти, преку своите дипломатско – конзуларни претставништва во Љубљана и Загреб, стапи во контакт со надлежните власти на релевантните држави со цел непречен премин до матичната држава.
-По успешните дипломатски напори, информираме дека е овозможен транзитен камионски транспорт со полициска придружба преку словенечка територија, до крајната дестинација, Република Македонија, соопшти МНР.
Воедно, Министерството за надворешни работи изразува благодарност на словенечките и хрватските колеги за брзата реакција и обезбедувањето на конвојот на нивна територија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.