Tурски новинар на социјалната мрежа Твитер објави дека полицијата на Обeдинети Арапски Емирати го спровела Седат Пекер надвор од неговата резиденција во Дубаи.
Пекер е меѓу оние кои добиле македонски пасош со лажен идентитет на граѓанин од Скопје по име Џадин Адемовски во аферата што ја обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Седат Пекер, кој во Турција го претставуваат како лидер на голема криминална организација, преку видео пораки кои ги објавува на интернет се пресметува со турската држава која по него има распишано потерница, а во земјата се вршат постојани претреси на негови канцеларии, имот, лица поврзани со него…
Контроверзниот турски бизнисмен во последните две години најде засолниште во Западен Балкан. Пекер има дозвола за привремен престој на Косово, а му беше издаден и македонски пасош со лажен идентитет.
Организацијата „Нордик монитор“ го опишува Пекер како најмоќната личност на турската мафија. „Нордик монитор“ е веб-страница за вести и следење на интернет, од Стокхолм. Овој медиум опфаќа верски, идеолошки и етнички екстремистички движења и радикални групи, со посебен фокус врз Турција.
Пекер во минатото имал блиски врски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Но, неодамна ситуацијата се смени, бидејќи Пекер и неговата криминална група ги гонат турските власти за сторен криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.