Собранието ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев, со што во оставка е и целата влада. Владата останува на должност до изборот на нова влада. И покрај инсистирањето на опозицијата, која имаше забелешка дека досега имало само осум седници за пратенички прашања, не се одржа закажаната седница на која пратениците требаше да им поставуваат прашања на членовите на Владата.
„Владата е во оставка, течат уставните рокови за избор на нова Влада“, вели собранискиот спикер Талат Џафери. Според него, никогаш не се случило на влада која дала оставка да и се поставуваат прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.