Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со денешниот ребаланс на буџетот, предизборно одвои 2.750.000 денари или речиси 50.000 евра за ФК Воска во сопственост на поранешниот советник Нефи Усеини, објави „Охрид24.мк“.
За потсетување кога опозицијата пред околу две години бараше средства за поддршка на кошаркарскиот клуб АВ Охрид, власта ги одби со образложение дека општината не може да финансира приватни спортски клубови.
Но, сега на три месеци пред локалните избори тоа не важи, па така Константин Георгиески со пари на граѓаните и во услови на тешка финансиска криза ќе го финансира клубот на неговиот коалиционен партнер, Нефи Усеини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.