Во време на здравствена криза повеќе од јасно ни е на сите дека здравствените установи и медицинските лица се столбот на заедницата, тие се гаранција на нашето здравје а со тоа и на нашиот живот, рече денеска кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, по посетата на приватната болница „Плодност“, која, како што потенцираше, е сериозен регионален здравствен капацитет, и по стручност и по инвестиции во здравството.
За жал не секој ја препознава волјата на приватниот сектор за развој и овозможување на нови вработувања. СДСМ не само што не ја препознаа инвестицијата на „Плодност“ како исклучително важна за здравјето на луѓето во Битола па и пошироко, сериозно се потрудија истата да ја блокираат. Мои битолчани, во нашата програма многу прецизно стои: Општина Битола ќе прерасне во „здравствен центар“ во регионот и пошироко. Општина Битола има ингеренции, и ветувам дека ова ќе го направиме: ќе дадеме ослободување од комуналии на сите нови инвестиции во здравствени капацитети за периодот од 4 години кои се во вредност од над 500.000 евра и кои ќе вработуваат над 50 лица со стручно медицинско образование, порача докторот.
Гарантираме, додава тој, дека наместо Општина која ќе ги кочи и која ќе ги прави невозможни инвестициите во приватното здравство, Општина на која и треба години за да издаде решение за градба, ќе раководам со брза и ефикасна локална самоуправа која секогаш ќе биде на страна на развојот и новите вработувања!
Ќе работиме со лекарите, со моите колеги, со медицинските лица, со инвестициите за Битола, заедно! Бидејќи за Битола треба да се работи, а не од неа да се заработи!, порача Коњановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.