Во контекст на урбанистичкиот хаос и во склоп на инфраструктурниот хаос, сообраќајниот хаос, Битола гаи еден култ, битолчани кон автомобилите. Меѓутоа главна кочница е стариот и анахрон ГУП, со кое изготвување ќе почнеме од самиот старт на мојот мандат. Од него ќе произлезат и ДУП-овите, една современа Битола, урбанизирана Битола со сообраќајна уредена инфраструктура која ќе одговара на времето во кое живееме – истакна Тони Коњановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Битола во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Коњановски додаде дека на самиот почеток од неговиот мандат ќе почне со реконструкција на улиците затоа што Битола не заслужува стари улици со дупки.

На самиот почеток од мандатот сме подготвени да почнеме интервенција во делот на реконструкција, обнова, инфраструктурна интервенција на канализациониот систем на преку 30-тина улици. За тие улици проектите се веќе готови и чекаат за реализација – истакна Коњановски.

Тој  посочи дека во неговите проекти се предвидени и велосипедските патеки.

Паркирањето во Битола е исто така проблем. И за тоа во програмата моја има решенија, а тоа се монтажни катни гаражи – нагласи Коњановски.

Коњановски истакна дека градот, поради неспособноста на оваа локална власт, добил раскопани и недовршени улици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.