Се надевам дека во годината што следи 2022 година Битола ќе биде едно големо градилиште, имаме доста проекти, веќе изработена планска документација за голем број на инфраструктурни проекти она што најмногу битолчани ги мачи. Меѓутоа тука е и планската регулатива и плановите кои ги предвидуваме и за наредната година, така да многу проекти кои ги планираме од нашата програма нивната планска документација ќе се работи во годината која што ја следи – истакна Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола за утринска емисија на МРТВ.

Коњановски додаде дека ќе има наредната година многу работа се со цел Битола да стане една од најубавите општини.

Ќе бидеме многу ангажирани, битолчани убеден сум дека ќе ја увидат и следат промената – нагласи Коњановски.

Коњановски посочи дека има млад тим на луѓе, локалната самоуправа има прекрасни луѓе кои ќе работат со елан за да се влезе во една нова етапа, која ќе значи подобар и поубав живот за битолчани. Битолчани го заслужуваат тоа.

Коњановски се осврна и на новогодишната еуфорија и празниците кои претстојат.

Голема дилема беше дали во оваа економска криза, енергетска криза, градовите треба да бидат осветлени онака како што граѓаните посакуваат, посебно Битола. Граѓаните на Битола секогаш биле љубители на добрата забава за новогодишните прослави, и новогодишните вечери. И баш дилемата беше дали Битола треба да светка. Направивме еден концепт нешто помеѓу, скромно меѓутоа достоинствено и онака како што Битола заслужува како еден од најубавите градови за нас барем битолчани, да добие адекватна програма, адекватна забава, со поддршка на младата културна сцена на Битола, со поддршка на културните работници, уметниците од Битола – појасни Коњановски.

Коњановски посака во Новата година да се влезе посреќно и позадоволно, да се стави крај на ова црнило од кризи кои ги мачеа граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.