Ние не одиме со весела математика, јас влегов во оваа битка да ги спојам луѓето и да го направам можеби невозможното. Убеден сум дека тоа ќе го постигнеме и заедно ќе придонесеме за судбината на градот, за подобро утре! Веќе е потребно локал -патриотски да се зборува и одлучува за Битола!
Треба да им покажете на луѓето дека ги почитувате, да им покажете дека имате поинаков принцип на работа. А луѓето, мене како таков и ме препознаваат! И затоа сум убеден дека во тоа ќе успеам и ќе работам со Советот за иднината на Битола – истакна во дебатата на МТВ, Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, од редовите на ВМРО ДПМНЕ!
Тој појасни дека сфаќа дека луѓето се под голем притисок
Луѓето чуствуваат притисоци, вашите највисоки партиски функционери наместо да си ги извршуваат нивните обврски кои ги имаат од нивните извршни функции, наместо да го решаваат проблемот со РЕК и енергетската криза…Пуштете ги луѓето сами да размислуваат – повика Коњановски.
Коњановски нагласи дека луѓето ги препознаваат и наградуваат промените
Граѓаните препознаа промени, се охрабрија луѓето и тоа е една од најголемите придобивки на овој изборен циклус. Бранот на промените во Македонија ја зафати и Битола, а граѓаните овој пат главно одлучуваат повеќе за личности, колку за политички опции. Ние продолжуваме како и досега одмерено, рационално, доследно, со чист образ, а граѓаните уште посилно ќе одговорат на притисоците – рече Коњановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.