На денешното рочиште за настаните од „27 април“ сведочеше поранешниот заменик министер за земјоделство и министер за одбрана Зоран Коњановски. Тој како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ објасни какви биле позициите на Спиро Ристовски во периодот кога се случуваа протестите.
-Ристовски во 2016 и 2017 година немаше партиски функции и не беше член на ниту едно тело бидејќи како поранешен член на ВМРО Народна имаше политичка дамка-рече Коњановски.
На прашањето на обвинителката Вила Рускоска како тогаш Ристовски бил министер и заменик министер Е, Коњановски одговори дека во владите на ВМРО-ДПМНЕ имало и министри кои претходно биле членови на други партии па и на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.