Луѓето знаат да препознаат, повеќе не се плашат и ги повикуваме да изберат по сопствена волја. Ќе работам и ќе реализирам сè, значи се е реално и е во согласност со Буџетот на општината, рече кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на ТВ 24 во емисијата Студио 10.
Според него се што им беше ветено на граѓаните од СДСМ во претходниот мандат не се реализираше.
Во изминатите 4 години не го остваривте тоа што го очекуваа граѓаните и сега доаѓате со истата програма со нова корица. Ама граѓаните веќе знаат да препознаат, рече Коњановски.
Коњановски покажа дека СДСМ имале можност да делуваат во изминатите 4 години.
Вие настапувате од позиција на ароганцијата на СДСМ, народот тоа не го сака, му рече Коњановски на противкандидатот од СДСМ, Христо Кондовски.
Коњановски кој е епидемиолог рече дека во целата корона епидемија имаше само политиканство од власта.
Сега ситуацијата се смирува затоа што граѓаните ги слушаат нашите препораки, препораките на лекарите. И морам да кажам дека вакцинацијата е единствена алатка за справување со пандемијата, рече Коњановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.