Длабоко жалам за трагичниот настан денеска во кој 45 македонски граѓани, вклучително и 12 деца, загинаа во автобуска несреќа во Бугарија, напиша на Твитер конгресменката Клаудија Тени.
-Испраќам сочувство од сѐ срце до семејствата на жртвите, и се молам за оние кои беа повредени, напиша конгресменката.
Тени, републиканка избарана од 22-от дистрикт на Њујорк, е член на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом и дел од поддржувачите на Македонија во американскиот Конрес.
Таа е една од потписниците на писмото, испратено минатата недела, од повеќе конгресмени до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, во кое се бара Бугарија да ја тргне блокадата за преговори на Македонија со ЕУ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.