Семејството на покојникот – на кој посмртниот брис му бил позитивен на коронавирус, денеска е тестирано, соопшти преку „Фејсбук“ министерот за здравство Венко Филипче.
Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе. Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран ковид-19, соопшти Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.