По неколкудневен молк премиерот во заминување се огласи кога го пријавил случајот „Рекет“ во јавното обвинителство. Тој тврди дека тоа го сторил на 22 април оваа година.
Но, Заев не достави никаков пишан документ дали навистина тоа го сторил за да има поткрепа неговото тврдење.
Александар Николоски, потпретседател на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ денеска преку Фејсбук тврдеше дека премиерот во заминување Зоран Заев бега од одговор дали навистина го пријавил случајот „Рекет“.
Пред една недела побарав Зоран Заев да ја покаже белешката од пријавата на случајот ,,Рекет”. Имено, неговиот ПР тим тврди дека тој прв пријавил за “Рекет”, ако е така, нека ја покаже белешката од пријавата.
После мое упорно инсистирање во понеделникот кажа дека требало да провери во агендата кој ден и каде го пријавил ,,Рекет”. Па јавно прашувам пет дена ли му требаат да провери кога го сторил тоа? Пет дена не може да ја провери сопствената агенда? Па веќе никој не верува на овие лаги, провидно е…
Јасно е дека бега од одговор зашто Зоран Заев не го пријавил „Рекет”. После една недела тоа е заклучокот и вистината за ,,Рекет”, Зоран Заев не го пријавил зашто самиот тој е на врвот на пирамидата, пишува Николоски на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.