Доста е од зборови, потребна е силна акција и секој од нас вграден во неа, порача во видео обраќање до битолчани вечерва на неколку часа пред стапувањето на изборниот молк, кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски.
Јас сум подготвен. Ја видовте мојата енергија за работа и јас видов силна граѓанска волја. Затоа најавувам локално граѓанско и институционално движење кое Битола ќе ја воздигне во модерен град во кој е задоволство да се живее, вели Кондовски во вечерашното видеообраќање.
Тој рече денеска е заокружена една од најпрогресивните и најпозитивните изборни кампањи, изборен процес проследен со фер и демократска атмосфера како што и доликува на Битола и битолчани.
Кампања во која доминираше гласот на граѓаните, а најгласно се слушаа реалните идеи и развојните проекти за нашиот дом, општина Битола, рече Кондовски, повикувајќи ги граѓаните на заедничка акција за унапредување на Битола во сите области на општественото живеење.
Рече дека ќе биде градоначалник на сите граѓани, секогаш отворен и достапен за комуникација.
Ајде заедно да го донесеме новото модерно време. Ве повикувам во недела масовно да излезете на избори и да дадете силна поддршка за најдоброто за Битола. Најдоброто на овие избори е содржано во бројот 12. 12 за избор на градоначалник и членови на советот, им порача Кондовски на битолчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.