ВМРО-ДПМНЕ објави победа на Тони Коњановски, со која тој е избран за нов градоначалник на Битола.

Благодарам за огромната поддршка што ни ја искажавте денеска. Благодарам на сите што храбро, достоинствено, гордо одолеаја на притисоците и го дадоа својот глас за подобра Битола, за подобро место за живеење за сите. Битола избра промени, Битола избра проекти, Битола избра победа. Од срце благодарам на сите, издржавме сите и со битолчани остваривме голема победа, изјави Коњановски, додавајќи дека Битола избрала промени.

Противкандидатот на Коњановски, кандидатот на СДСМ Христо Кондовски го призна поразот и ја честиташе победата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Најпрво да ја поздравам вашата одлука, ова е само ваше право, ова е право на битолчани. Да ја поздравам победата на мојот против кандидат. Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера. Продолжуваме со животот во Битола понатаму, одлучија битолчани како ќе се движат наредните 4 години. Јас како стопанственик , како симпатизер на СДСМ, како една конструктивна личност во општеството продолжувам да ја поддржувам политиката на Битола, за поддршка и прогрес, ќе бидам една конструктивна личност во иднина. Трендот е тој и граѓаните одлучуваат како и што ќе се движи во контекст на Советот и во контекст на градоначалникот, посочи Кондовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.