Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола Христо Кондовски две години ја злоупотребувал инвалидноста на својата покојна мајка Цветанка Кондовска за лична финансиска корист, објави порталот Нетпрес.
Од документите објавени на порталот на Кондовски ги злоупотребувал документите за инвалидност на својата покојна мајка за да си овозможи намалени давачки за регистрација на возилото, привилегии што државата им ги овозможува на инвалидите. Овие привилегии вклучуваат:
-
- 100 отсто ослободување од надоместок за патарина при годишна регистрација на возилото што е во сопственост на лицето со инвалидитет.
- 100 отсто ослободување од плаќање на патарина на сите наплатни места на јавните патишта во државата за возилото што е во сопственост на лицето со инвалидитет.
- 10 отсто намалување на премијата на полиса за осигурување од автоодговорност за регистрација на возилото што е во сопственост на лицето со инвалидитет.
- 50 отсто намалување на основната премија за осигурување од автоодговорнсот која неговата покојна мајка ја стекнала за 10 години без направена штета на туѓо возило во сообраќај.
Христо Кондовски овој криминал свесно го извршувал преку своите компании каде што е менаџер и косопственик: „СН Сообраќаен центар- технички преглед Битола“, фирма преку којашто го регистрира возилото и „СН Брокерско друштво Битола“, преку којашто ја извршува процедурата за осигурување. Кондовски е човек која за ситна и мизерна лична финансиска корист ја злоупотребил сопствената покојна мајка (инвалид), сопствените компании кои ги менаџира и ја оштетил државата и осигурителните компании, за што треба да одговара и морално и кривично, обвинува Нетпрес.
ДОКУМЕНТИ
На социјалните мрежи пред неколку дена се објави и фотографија од казнена евиденција која покажува дека во 2003 Кондовски бил осуден за тешка кражба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.