Владина Уредба за враќање на плажите на Охридското Езеро во првобитната состојба пред издавањето под концесија ја подели јавноста во Охрид и Струга, на генерално спротивставени ставови.
Граѓаните ги искористија социјалните мрежи за да ги изнесат дијаметрално различните видувања по одлуката. За дел од нив плажите се украс на крајбрежјето, издавањето под концесија резултирало со уредување на просторот, со нагласок и на економскиот фактор дека голем број граѓани живеат од стопанисувањето со нив, оти значајно придонесуваат во локалната економија. За други концесијата значи едноставно начин да се дозволи богатење на поединци, атак врз природниот изглед на езерото, присвојување на јавниот простор и узурпација, одземање на простор од граѓаните кои, како што велат, останале без плажа на езерото и слично.
Самите поранешни концесионери веднаш реагираа на Уредбата, со забелешки дека е работи за неосмислен обид на решавање на проблем што постои со години наназад.
Владината уредба значи барање од концесионерите на плажите на Охридското Езеро да ги вратат во првобитна состојба, односно уривање на голем број објекти на крајбрежјето. Во дел од тие објекти навистина се вложени големи материјални средства, но сепак со ставањето на потпис врз документот за стопанисување истите концесионери се обврзаа после истекот на закупот просторот да го вратат во првобитна состојба.
Тиа признаваат дека договорите за концесија не се продолжени од пред две до три години, но оти тоа не било поради нивна вина односно не им била дадена шанса за продолжување на концесиите.
-Последната наша концесија заврши во 2017 година, оттогаш ние чекаме да се среди ова прашање, дали со наддавање или доделување. Ние сме подготвени да ги прифатиме одлуките на општината, но не се најде за овие 3-4 години решение за тој проблем и сега наеднаш дојдовме во ситауација во која се најдовме, изјави Митко Пендов, концесионер на плажата „Потпеш“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.