Охриѓани се одзваа на апелите на Дебарско – кичевската епархија и Општина Охрид, кои поради пандемијата од Ковид 19 се откажаа од организирано одбележување на празникот Богојавление – Водици. Оваа година празникот беше одбележан духовно, со богослужби во црквите.
На местото, пак, од каде се фрла традиционално чесниот крст во осветените езерски води и на ѕидините на Долна порта, утрово осамнаа транспаренти, во знак на негодување кон мерките поради кои за прв пат по 1990 година е прекината традицијата на масовно одбележување на празникот Водици во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.