Наутро владиниот портпарол ветува вработување на Aвганистанците, навечер владата го демантира, не знаат како да излажат Која е вистината, онаа кажана утрово дека ќе вработуваат Авганистанци, запраша ВМРО-ДПМНЕ.
– Статусот на лицата што се очекува да пристигнат од Авганистан во нашата земја ќе биде во согласност со одредбите на Законот за странци. Релевантните институции ги разгледуваат можностите за ресоцијализација на овие лица, ова ќе биде завршено во наредните денови. Во моментов фокусирани сме на нивниот прием и сместување во соодветните хотели. Прашањето за образованието на децата, прашањето за вработување и прашањето за здравствено осигурување ќе бидат разгледани и регулирани во наредните денови, почитувајќи ги законските одредби во земјава, кажа портпаролот утрово. Или пак вистина е она го велат дека нема да вработуваат? И за ова ли е крива опозицијата, што во владата не можат да се договорат. Од што се во паника од пораз за една иста работа лажат и по повеќе пати на ден – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.