Коњичкиот марш кој започна во 17 часот од паркот „Јане Сандански“, ќе заврши на 2 Август во Крушево, каде што коњаниците ќе положат цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, со што ќе се одбележи најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати јавна поддршка за илинденската коњаница.

Традицијата е нашето дефинирање. Во чест на светлиот Илинден поддршка за илинденската коњаница. Борбата на илинденците е нашата кауза. Слобода, независност, ВМРО, Македонија, порача Мицкоски!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.