Комисијата за заразни болести подготви протокол во четири дела за изборната кампања и изборниот процес кој мора целосно да се спроведува за да се заштити здравјето на граѓаните, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што наведе Филипче:

За време и пред активностите на изборната кампања треба да се почитува физичка дистанца од 2 метра и да се носи маска.

При одржување собири мора да се почитуваат сите мерки за превенција и да се избегне концентрирање на луѓе на поголем простор.

Во кампањата „врата до врата“ претставниците на партиите мора да држат доволно растојание со граѓанинот или соговорникот.

На денот на изборите сите членови на избирачките одбори мора да имаат маска, прозорците мора да се отворени, а во просторијата да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање.

Гласачите мора да носат маска, која на кратко ќе ја тргнат додека се легитимираат.

Како што кажа министерот, можна е и препорака гласачкиот ден да се продолжи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.