Вакцини нема, а британската мутација пустоши во земјава. Ќе донесе ли новиот сој и нови рестриктивни мерки? Што треба да превземат надлежните во овој случај?

Микробиологот Никола Пановски вели дека доколку се воведат нови рестриктивни мерки, економијата ќе крахира. Поради тоа апелира граѓаните да се придржуваат до веќе постоечките здравствени протоколи. Иако е очигледно дека станува збор за нов бран на вирусот, докторот е оптимист дека бројот на заразени нема да надмине над 1000 позитивни лица на дневно ниво.

Пановски вели и дека е разочаран поради доцнењето на вакцините. Според него, властите имале доволно време да ги набават. Како позиитвен пример ја посочи токму Србија, која прва во регионот го почна процесот на имунизација.

За новите случувања поврзани во вирусот Комисијата за заразни болесни ќе расправа денеска. Но не се знае дали ќе предложи нови рестрикции.

Од друга страна, светот почна да се затвара. Франција делумно ги затвара регионите кои се нови жаришта. Во Германија затворени се сите училишта, угостителски објекти и трговски центри. Во Шпанија полициски час ќе има до мај. Белгија останува затворена до април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.