Комисијата за заразни болести предлага до Владата сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа задолжителнка вакцинација против ковид-19. Вработените за да се појават на работа ќе треба да приложат потврда за најмалку една примена вакцина против Ковид-19, негативен ПСР тест, не постар од 72 часа, направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид, не постар од 45 дена.
Ова се предлог мерките коишто Комисијата консензуално го донела на денешната средба.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека од мерките се изземени случаите на ретки имунолошки состојби.
Тоа се ретки имунолошки состојби за што ние ќе излеземе со соодветна листа на болести, рече Филипче.
Филипче соопшти дека на владина седница ќе биде донесена одлука со која вакцинацијата станува задолжителна за сите здравствени работници.
Откако одлуката деновиве ќе помине на Владина седница, ќе се остави рок од 10 дена во кој здравствените работници ќе може да се вакцинираат.
Препораката од министерството е кон мерките да се приклучат и приватните компании.
Според податоците на Министерството за здравство, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.